Зубименди ги спореди англиската и шпанската лига
- Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, зборуваше за разликите помеѓу англиската и шпанската лига.
Лондон, 11 октомври 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, зборуваше за разликите помеѓу англиската и шпанската лига.
- Во Премиер лигата, менталитетот е: биди маж, оди силно во предизвиците. Играта е подиректна. Во Шпанија, кога ќе ја добиете топката, повеќе размислувате за нејзиното задржување, додека во Англија, штом ќе ја добиете топката, веднаш преминувате во напад. Брзите транзиции од одбрана во напад се неизбежни, што го отежнува контролирањето на играта. Но, она што најмногу ме погоди беа прекините - колку се важни. Гледам многу голови од овие моменти, а тие често го одлучуваат исходот на натпреварите. Имаме тренер за прекини и работиме на тоа речиси секојдневно, изјави Зубименди за „Гол“.
Фудбалерот се приклучи на Арсенал ова лето, потпишувајќи договор до јуни 2030 година. Претходно играше за Реал Сосиедад. На девет натпревари за лондонскиот тим во сите натпреварувања, 26-годишниот играч од средниот ред постигна два гола. зс/
Фото: ЕПА