• сабота, 18 јули 2026

Зеленски ги поздрави украинските напади врз руската инфраструктура

Зеленски ги поздрави украинските напади врз руската инфраструктура

Киев, 10 јуни 2026 (МИА) – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ги поздрави украинските напади врз руската нафтена и воена инфраструктура.

„Продолжуваме да ги спроведуваме украинските санкции против руските воени објекти и нафтената индустрија“, рече Зеленски на својот официјален канал Телеграм.

Тој конкретно го спомена бомбардирањето на воената фабрика во градот Чебоксари во текот на претходната ноќ, која ја снабдува „окупациската армија со компоненти за беспилотни летала и ракети“.

Зеленски, исто така, го пофали нападот врз рафинеријата за нафта во регионот Самара, истакнувајќи дека таа е оддалечена повеќе од 900 километри од руско-украинскиот фронт.

Украинскиот претседател ја презеде одговорноста за нападите врз „два објекти на нафтена инфраструктура во регионот Владимир“, каде што потоа избувна пожар. сд/ссм/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа