ДЗС: За 87,6 отсто зголемен бројот на посетители на ликовни изложби во 2022 споредено со 2021 година
- Во 2022 година биле организирани 537 ликовни изложби и ликовни колонии, што е повеќе за 18,3 проценти во споредба со претходната, 2021 година.

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Во 2022 година биле организирани 537 ликовни изложби и ликовни колонии, што е повеќе за 18,3 проценти во споредба со претходната, 2021 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), за 13,2 отсто е зголемен бројот на ликовните уметници учесници на изложбите, а дури за 87,6 отсто е зголемен и бројот на посетителите на ликовните изложби.
ДЗС во објавата наведува дека во 2022 година се организирани 22 ликовни колонии, а бројот на учесниците е зголемен за 21,6 проценти во споредба со 2021 година. хс/сп/
Фото: МИА архива