• вторник, 18 ноември 2025

Де ла Фуенте: Победата со резултат од 5:0 или 6:0, како што многумина очекуваа од Шпанија, всушност е многу тешка

Де ла Фуенте: Победата со резултат од 5:0 или 6:0, како што многумина очекуваа од Шпанија, всушност е многу тешка

Елче, 12 октомври 2025 (МИА) - Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го коментираше триумфот од 2:0 над Грузија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

-Победата со резултат од 5:0 или 6:0, како што многумина очекуваа од нас, е всушност многу тешка. Грузија се бранеше добро, со голема посветеност и имаше одличен голман. За да победите со таков резултат - и не станува збор само за противникот - мора сами да играте на навистина високо ниво, изјави де ла Фуенте по синоќешниот натпревар во Елче.

Шпанија е лидер во Групата Е со 9 бода. Грузија е трета со 3 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан