Почнува манифестацијата „Радовишки вински двор“
- Денеска и утре Радовиш ќе биде местото каде што се спојуваат врвното македонско вино, одличната музика и незаборавната фестивалска атмосфера со одржување на манифестацијата „Радовишки вински двор“, објавија од Општината
Радовиш, 17 јули 2026 (МИА) - Радовиш денеска и утре ќе биде местото каде што се спојуваат врвното македонско вино, одличната музика и незаборавната фестивалска атмосфера со одржување на манифестацијата „Радовишки вински двор“, објавија од Општината.
-Ве покануваме да бидете дел од „Радовишки вински двор“, кој ќе се одржи на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“. Во текот на двата дена посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од реномирани македонски винарии, да уживаат во вкусна храна и да се забавуваат со богата музичка програма, се наведува во објабвата на локалната самоуправа.
Покрај „Радовишки вински двор“ истовремено ќе се одржи и манифестацијатра „Меморијална Гитаријада“ кои ќе се одржат на Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.
Од Општината додаваат дека со оглед на добрите временски услови очекуваат голема посетености затоа се воведува посебен режим на сообраќај на улиците во централното градско подрачје.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богат избор на врвни македонски вина, дегустации од познати винарии, гастрономски специјалитети и богата музичка програма, која ќе понуди незаборавна атмосфера во текот на двата фестивалски дена.рт/са/
Фото: Општина Радовиш