• петок, 27 септември 2024

Демо ден на првата Акцелераторска програма за импакт бизниси помеѓу Северна Македонија и Малта

Демо ден на првата Акцелераторска програма за импакт бизниси помеѓу Северна Македонија и Малта

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Во Европската куќа во Скопје денеска ќе се одржи Демо ден на првата Акцелераторска програма за импакт бизниси помеѓу Северна Македонија и Малта. 

На Демо денот, како што соопштија од Тимот на Бизнис Импакт Лаб, финалистите од програмата ќе ги презентираат своите иновативни концепти во областа на социјалното претприемништво, со можност да бидат избрани за дополнителна поддршка за развој на нивните бизниси. Присуството на интернационални експерти ќе придонесе за стручна евалуација и нови можности за соработка.

- Ова е одлична можност за вмрежување, инспирација и поддршка на идните лидери во импакт бизнисите, стои во соопштението од Тимот на Бизнис Импакт Лаб. цр/лв/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан