Два танкера погодени од ракети покрај брегот на Оман, истрагата е во тек
- Два инцидента во кои танкери биле погодени од ракети се пријавени во близина на брегот на Оман, објави денеска Одделот за поморски трговски операции (UKMTO) на Обединетото Кралство.
Лондон, 14 јули 2026 (МИА) - Ирански ракети погодија два танкери во Ормуската Теснина, при што загина еден член на екипажот, а осум други беа повредени.
Обединетите Арапски Емирати го осудија нападот и изјавија дека го задржуваат правото да одговорат.
Двата инцидента во кои беа погодени танкерите се пријавени во близина на брегот на Оман, објави денеска Одделот за поморски трговски операции (UKMTO) на Обединетото Кралство.
UKMTO во соопштението наведува дека еден од танкерите бил погоден вчера додека пловел североисточно од Калхат, Оман. Бродот бил погоден од неидентификуван проектил во машинската просторија од десната страна. сд/
Фото:Икс