• четврток, 12 ноември 2026

Двајца загинати, десет ранети во украински напад врз Севастопол, тројца ранети во руски напад врз Одеската област

Двајца загинати, десет ранети во украински напад врз Севастопол, тројца ранети во руски напад врз Одеската област

Москва/Киев, 22 август 2026 (МИА) - Најмалку две лица загинале, а десет цивили меѓу кои и дете, се ранети во украински напад со беспилотно летало врз Севастопол, на Кримскиот Полуостров, соопштија локалните власти.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, изјави дека остатоци од соборен дрон паднале врз автобус што притоа се запалил. Две од повредените лица се во критична состојба.

Во меѓувреме, три лица меѓу кои и малолетно дете, се ранети во руски напад врз Одеската област, соопшти претседателот на регионалната воена администрација, Олег Кипер.

Според него, областа била цел на комбиниран напад врз цивилната инфраструктура. Оштетени се земјоделско-прехранбен погон, три складишта за жито и приватна станбена зграда. Надлежните служби работат на отстранување на последиците од нападот. аб/са

фото/МИА архива