Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари
- Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари.
Куманово, 17 јули 2026 (МИА) - Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане.
Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари.

Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца жители од селото. Интервенцијата траела од 15:10 до 19:55 часот.
Од ТППЕ информираат дека пожарот е целосно ликвидиран и не постои опасност од негово повторно активирање. ам/дма/
Фото: ТППЕ Старо Нагоричане