• петок, 27 септември 2024

Градоначалникот на Њујорк обвинет по пет кривична дела како поткуп и користење незаконски кампањски средства

Градоначалникот на Њујорк обвинет по пет кривична дела како поткуп и користење незаконски кампањски средства

Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс е обвинет денеска врз основа на пет кривични дела, вклучувајќи земање покткуп, измама со елктронски трансфери и користење на незаконски странски донации за кампања, дознава „Би-би-си“.

Ова е за првпат во исторјата на Њујорк, најголемиот град во Америка, актуелен градоначалник да биде обвинет по сторени кривични дела.

Обвинителниот акт од 57 страници беше објавен по претресот што Федералното биро за истраги го изврши синоќа во резиденцијата на градоначалникот.

Адамс и други високи градски функционери се под обемна истрага а како дел од повеќе федерални истраги за корупција и соработка со странски  влади, вклучувајќи и дали неговата кампања добила незаконски странски донации од Турција.

Адамс, поранешен полицаец, беше избран пред речиси три години со ветување дека ќе го намали криминалот во Њујорк.

Тој вети дека ќе се бори против обвиненијата и дека останува на функцијата. кб/

Остани поврзан