• петок, 27 септември 2024

Галант одобри „продолжување на офанзивните активности на ИДФ“ против Хезболах во Либан

Галант одобри „продолжување на офанзивните активности на ИДФ“ против Хезболах во Либан

Тел Авив, 26 септември 2024 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска одобри „продолжување на офанзивните активности на Израелските одбранбени сили (ИДФ) против Хезболах во Либан.

Неговата одлука уследи по средбата со началникот на израелскиот Генералштаб, генерал-полковник Херзи Халеви и други високи воени личности.

- Со одобрување на следните офанзивни операции на северниот фронт, заедно со началникот на Генералштабот, началникот на разузнавањето и началникот на операции во ИДФ, ја продолжуваме низата операции за елиминирање на терористите на Хезболах, за разбивање на нивните офанзивни формации и уништување на нивните проектили и ракети. Ние мораме да извршиме дополнителни задачи за да им овозможиме враќање на луѓето од северот (на Израел) во нивните домови, објави Галант на социјалните мрежи. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан