• среда, 17 јуни 2026

ВРЕДИ: Со обединувањето во единствен политички субјект ја зацврстуваме позицијата на полтичката сцена

ВРЕДИ: Со обединувањето во единствен политички субјект ја зацврстуваме позицијата на полтичката сцена

5 мај 2026 

ВРЕДИ е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Северна Македонија.

Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува, се наведува во соопштенмието од ВРЕДИ што МИА го пренесува интегрално.

И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат тоа ВРЕДИ освои 10 општини, односно околу 80% од општините со доминантно албанско население. Тоа е јасна и недвосмислена потврда каде е довербата на граѓаните. Сметаме дека главниот фокус треба да биде испорака на политики што ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните и ќе ги зајакнат сервисните функции на извршната власт.

ВРЕДИ