ВРЕДИ: Арачиново го избра развојот – стадионот ќе се изгради
- ВЛЕН ќе застане во поддршка на реализацијата на секој проект и инвестиција што носи развој за Општина Арачиново и за нејзините граѓани. Она што се случи на градилиштето на стадионот на Шкендија не е само оштетување на неколку машини. Тоа е обид да се нападне проект кој го симболизира развојот, инвестициите и подобрата иднина за Арачиново - се вели во соопштението на ВРЕДИ кое МИА го објавува интеграолно.
Скопје, 1 октомври 2026
ВРЕДИ ќе застане во поддршка на реализацијата на секој проект и инвестиција што носи развој за Општина Арачиново и за нејзините граѓани. Она што се случи на градилиштето на стадионот на Шкендија не е само оштетување на неколку машини. Тоа е обид да се нападне проект кој го симболизира развојот, инвестициите и подобрата иднина за Арачиново - се вели во соопштението на ВРЕДИ кое МИА го пренесува интеграолно.
Со децении, граѓаните на Арачиново чекаа ветувањата да се претворат во конкретни дела. Денес, кога тоа се случува, кога машините се на терен и стадионот почнува да ја добива својата форма, некој се обидува развојот да го претвори во страв и пречка.
ВРЕДИ заедно со Даут Беќири е јасен во своите определби: развојот не се запира со оган, вандализам или закани.
Истовремено, им порачуваме на граѓаните на Арачиново: не дозволувајте стравот да ве врати назад.
Затоа што овој стадион не е само градежен проект. Тој е доказ дека и Арачиново заслужува инвестиции, современа инфраструктура и можности за своите млади.
Со години, од граѓаните се бараше да чекаат. Денес веќе не им се бара да чекаат – денес се гради.
И токму затоа, нема враќање назад.
Со ВРЕДИ Арачиново нема да остане заробено во минатото. Арачиново избра да оди напред, а стадионот на Шкендија ќе биде изграден.
ВРЕДИ