Во Штип обука за создавање на бизниси и изработка на додатоци од текстил
- Ученици од средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, како и млади лица и жени денеска имаа обука со цел создавање свои сопствени бизниси, како и изработување модни додатоци од остатоци од текстилни материјали.

Штип, 12 мај 2025 (МИА) – Ученици од средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, како и млади лица и жени денеска имаа обука со цел создавање свои сопствени бизниси, како и изработување модни додатоци од остатоци од текстилни материјали.
Директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Димитар Мирасчиев“, Марина Варадиновска изјави дека во новото и модерно време е неопходно учениците да се поврзат и со технологијата, со цел да научат како успешно да го развијат својот талент.
-Денес во просториите СОУ „Димитар Мирасчиев“, се одржува обука со цел обучување на сите жени и млади лица, кои што сакаат да земат учество во креирање на свои сопствени бизниси. Да научат како да се движат во светот на дигитализацијата, затоа што живееме во време, кое што е модерно и има модерен начин на живот се е поврзано се технологиите и со дигитализацијата и се надевам дека сите наши учесници, кои што ќе бидат присутни на оваа обука ќе научат како да ги креираат своите сопствени бизниси и како успешно да го развијат својот сопствен бизнис, кои што ке бидат препознатливи на самиот пазар, вели Варадиновска.
Професорката Наташа Тасева од училиштето вели дека е посебно горда на учениците, бидејќи тие од остатоци од текстил прават ракотворби. вдј/нд/
Фото: МИА