• сабота, 28 септември 2024

Во Франција почнува судењето против две жени кои тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена

Во Франција почнува судењето против две жени кои тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена

Париз, 18 јуни 2024 (МИА) – На две жени ќе им се суди оваа недела поради лажни тврдења дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е трансродова, што предизвика онлајн озборувања од страна на теоретичарите на заговор и екстремната десница.

Брижит Макрон во 2022 година поднесе жалба за клевета против две жени кои во декември 2021 година објавија видео на „ЈуТјуб“ (YouTube) тврдејќи дека Брижит некогаш била маж – Жан-Мишел.

Тврдењето за Брижит Макрон стана вирално само неколку недели пред претседателските избори во 2022 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан