Во Пакистан при напад врз патнички возила загинаа 28 луѓе
- Најмалку 28 луѓе загинаа, а десетина се повредени откако вооружена група пукаше врз патнички возила во северозападен Пакистан
Исламабад, 21 ноември 2024 (МИА) – Најмалку 28 луѓе загинаа, а десетина се повредени откако вооружена група пукаше врз патнички возила во северозападен Пакистан.
Инцидентот се случи во Курам, во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, каде изминатите месеци во верските судири помеѓу мнозинството сунити и малцинските шиитски муслимани загинаа десетици луѓе.
Сè уште никој не презеде одговорноста за нападот.
Претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари го осуди нападот и им нареди на властите да преземат мерки против оние кои го организираа нападот.
Шиитските муслимани сочинуваат околу 15 отсто од 240-милионското население во мнозинскиот сунитски Пакистан, кој има историја на верско непријателство меѓу шиитите и сунитите. ми/
фото: МИА архива