• сабота, 28 септември 2024

Во Загреб од Легионерска болест починаа тројца пациенти

Во Загреб од Легионерска болест починаа тројца пациенти

Загреб, 18 јуни 2024 (МИА) – Хрватските медиуми денеска објавија дека тројца од пет пациенти заразени со легионелоза починале во загрепскиот Клинички болнички центар (КБЦ).

Претходно, КБЦ соопшти дека заразените пациенти во загрепската болница се тешко болни и дека легионелозата драстично им ја влошила нивната состојбата.

Легионолезата или Легионарската болест е инфекција на белите дробови (пневмонија) предизвикана од бактерии од фамилијата Легионела.

Бактеријата Легионела пневмофилија обично се наоѓа во водените извори со температура која се движи помеѓу 35 до 46 степени Целзиусови, а една друга бактерија од фамилијата Легионела, Легионела лонгбеацае најчесто се наоѓа во почвата и во земјата за садење растенија.

Легионерската болест најчесто предизвикува температура, треска и кашлица, како и болки во мускулите, главоболка, замор, губење на апетитот и дијареја. Легионерската болест понекогаш може да биде смртоносна. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан