• сабота, 21 септември 2024

Во Гостивар со дефиле одбележан Светскиот ден без автомобили

Во Гостивар со дефиле одбележан Светскиот ден без автомобили

Гостивар, 20 септември 2024 (МИА) – По повод Светскиот ден без автомобили, општина Гостивар претпладнево организира дефиле низ централните улици на градот. Покрај, ученици, активисти од црвениот крст, членови на спортски клубови и еколошки здруженија промотивната прошетка се приклучија и вработени во локалната самоуправа.

Денешниот настан е приклучување кон европската кампања за промоција на активности кои ќе придонесат за подобар квалитетот на воздухот, здравјето на луѓето и квалитетот на урбаното живеење.

- Пораката од денешниот настан е насочена кон граѓаните да ги мотивира помалку да ги користат автомобилите и наместо тоа повеќе да пешачат или да возат велосипеди. На тој начин освен што ќе се намали загадувањето, тоа благопријатно ќе делува и врз нивното здравје, рече в.д. градоначалникот на општина Гостивар Ваљбон Лимани.

Тој напомена дека како дел од стратегијата која се спроведува во општината е и зголемување на вкупната должина на велосипедските патеки.

Првиот човек на општината по дефилето на учесниците им заблагодари за поддршката и како што нагласи, покажаната свест за одржување на животната средина со почист воздух.згм/са/

Фото; МИА

Остани поврзан