Во Белград оштетени три автомобили од екслозија на бомба

Белград, 3 јуни 2023 (МИА) - Три автомобили се оштетени утрово при фрлена бомба во белградската општина Звездара, а според првичните информации нема повредени, јави Бета.
Бомбата била фрлена од непознато лице од возило во движење.
Полицијата врши увид на лице место, по што ќе се знаат повеќе информации. зш/