• петок, 27 септември 2024

Боцвана: Ќе усмртиме 20.000 слонови, и ги понудивме на Германија, но нема одговор

Боцвана: Ќе усмртиме 20.000 слонови, и ги понудивме на Германија, но нема одговор

Габороне, 26 септември 2024 (МИА) - Боцвана по спорот со Германија за можни ограничувања за увоз на ловечки трофеи, денеска објави план за усмртување на 20.000 слонови.

„Како што знаете, Боцвана со почит и понуди на Германија 20.000 слонови во април оваа година, но досега не добивме никаков одговор од германската влада“, рече претседателот на таа африканска земја, Мокгвеетси Масиси, во интервју за германскиот весник „Билд“.

Тој рече дека неговата земја, како и цела јужна Африка, се соочува со „најлошата суша во последните 50 години“ .

„Нашиот народ гладува, а слоновите се во опасност да умрат. Кога луѓето гладуваат, наша должност е да ги нахраниме. И да ви кажам право, тие јадат и слонови“, рече Масиси.

Претседателот на Боцвана не прецизираше кога би можело да започне усмртувањето на слоновите.

Во позадина на ситуацијата е жестока дискусија започната во пролетта годинава за евентуални дополнителни ограничувања на увозот на ловечки трофеи.

Германската министерка за животна средина Штефи Лемке се смета за поддржувач на овие ограничувања и е на удар на критики од претставниците на африканските земји, особено Боцвана.

Боцвана е загрижена за понатамошни ограничувања на увозот на ловечки трофеи поради големи финансиски загуби. Во атмосфера на растечки тензии, претседателот Масиси изјави дека сака да испрати 20.000 слонови во Германија во знак на протест, но тоа не се случи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан