Без вода делови од Чаир и Визбегово
- Поради уличен дефект на водоводната мрежа, без вода од 09:30 часот се корисниците од ул. 376 во Општина Чаир, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводната мрежа, без вода од 09:30 часот се корисниците од ул. 376 во Општина Чаир, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.
Без вода поради дефект од 09:20 часот ќе останат корисниците и на улиците 1571, 4 и 5 во Визбегово.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин до отстранување на дефектите.
Фото: МИА архива