Аморим: Со гордост и ентузијазам го прифаќам предизвикот да бидам тренер на Милан
- Португалскиот тренер Рубен Аморим го коментираше неговото назначување за главен тренер на Милан.
Милано, 17 јуни 2026 (МИА) - Португалскиот тренер Рубен Аморим го коментираше неговото назначување за главен тренер на Милан.
Италијанскиот клуб вчера го назначи 41-годишниот Аморим за нов шеф на стручниот штаб.
Аморим во Милан доаѓа на местото на Масимилијано Алегри, кој беше отпуштен по крајот на сезоната во која „Росонерите“ не успеаја да изборат учество во Лигата на шампионите.
- Постојат амбиции кои остануваат со вас во текот на целата ваша кариера, а тоа што сум главен тренер на Милан отсекогаш било една од моите. Совршено разбирам што значи овој клуб: неговата историја, престиж и неверојатна база на навивачи низ целиот свет. Го прифаќам овој предизвик со гордост и ентузијазам, целосно свесен за тоа што симболизираат овие бои. Со нетрпение чекам да почнам и да ја почувствувам страста што го движи Милан секој ден, изјави Аморим за клупскиот сајт на Милан.
Португалецот беше без ангажман од јануари кога беше отпуштен од Манчестер јунајтед. Претходно тој ги тренираше Брага и Спортинг, со кои двапати ја освои португалската лига. зс/
Фото: ЕПА