• недела, 16 август 2026

Албански и италијанска патрола спасиле 11 имигранти, кај островот Сазан, чиј чамец постоело опасност да потоне

Албански и италијанска патрола спасиле 11 имигранти, кај островот Сазан, чиј чамец постоело опасност да потоне

Тирана, 17 јули 2026 (МИА) - Во заедничка операција на албанската гранична полиција, крајбрежната стража и италијанската Guardia di Finanza, спасени се 11 имигранти кои биле во опасност од давење, северно од островот Сазан, откако се движеле во мал чамец, со недоволно гориво.

„Локалната дирекција за граница и миграција во Валона доби повик од грчки број, преку кој беше побарана помош за спас на имигранти кои беа во опасност на море. Веднаш по тревогата, службите на граничната полиција, во соработка со крајбрежната стража и Guardia di Finanza, се упатија кон пријавеното подрачје и го лоцираа чамецот во морскиот простор, стои во соопштението на албанската полиција.

Имигранти, кои биле од различни земји, биле транспортирани до брегот, во добра здравствена состојба.

„Прелиминарните истраги покажаа дека пловилото било мал чамец, долг околу 3 метри, со мотор од 25 коњски сили и недоволно гориво во резервоарот, што сериозно ги загрозило животите на луѓето. Од радарскиот мониторинг, во текот на последните 48 часа, не е откриен никаков обид на пловилата да се движат кон меѓународни води, се наведува со соопштението.

За разлика од минатите години, кога нелегалното заминување кон Иралија, преку морски пат, беше честа појава, последните години обидите се сведени на минимум, бидејќи мигрантите кои минуваат транзит низ Албанија, со цел да стигнат во западно европските земји, заминуваат преку Црна Гора. вт/ссм/

Фото: Гранична полиција - Албанија 

Тагови