Адвокатот Де Ла Есприела положи претседателска заклетва во Колумбија
- Човекот кој сака да се вика „Ел Тигре“ има намера да ги прекине мировните преговори преку кои неговиот претходник безусловно се обиде да организира разоружување на организација вклучена во трговијата со дрога во земјата, која е водечки производител на кокаин во светот.
Кали, 8 август 2026 (МИА) - Десничарскиот адвокат Абелардо де ла Есприела положи заклетва како нов претседател на Колумбија, откако победи во вториот круг од изборите во јуни, ветувајќи дека ќе се справи со вооружените групи, ќе го намали државниот апарат за дури 40 отсто и ќе го оживее нафтениот и гасниот сектор.
„Се колнам пред Бога и на народот му ветувам дека ќе бидам верен на Уставот и законите на Колумбија“, рече 48-годишниот политички новајлија, за време на церемонијата во Кали, во југозападниот дел од земјата.

Де ла Есприела (48), сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, застапуваше познати десничарски паравоени групи за време на неговата правна кариера.
На должноста стапува по првиот левичариски претседател во историјата на земјата, Густаво Петро, а мандатот му трае четири години.
Човекот кој сака да се вика „Ел Тигре“ има намера да ги прекине мировните преговори преку кои неговиот претходник безусловно се обиде да организира разоружување на организација вклучена во трговијата со дрога во земјата, која е водечки производител на кокаин во светот.
Де Ла Есприела, кој во јуни тесно победи во вториот круг од претседателските избори, побара церемонијата на положување заклетва да не се одржи во главниот град на Колумбија, Богота, туку во Кали, иако тој град е блиску до областа каде што дејствуваат опозициските групи. Претходно беше објавено дека околу 11.000 војници ќе се грижат за безбедноста, а тие воспоставија зона забранета за летање за беспилотни летала над Кали и околните области, откако бунтовничките групи претходно користеа беспилотни летала за експлозивни напади. сд/
Фото:ЕПА