• недела, 14 април 2024

 Приведен бегалец од затвор, осуден на шест години и 10 месеци затворска казна     

 Приведен бегалец од затвор, осуден на шест години и 10 месеци затворска казна     

Скопје, 6 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба, денеска во 15:05 часот на ул.„Анри Барбис“ во Скопје, го лишиле од слобода скопјанецот А.М.(47).

Како што соопшти МВР, тој бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години и девет месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан