• понеделник, 26 август 2024

Шефот на Пентагон ја потврди посветеноста на САД за одбраната на Израел

Шефот на Пентагон ја потврди посветеноста на САД за одбраната на Израел

Вашингтон, 25 август 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин телефонски разговарал со својот израелски колега и ја потврдил посветеноста на Вашингтон за одбраната на Израел, соопшти синоќа Пентагон.

Остин „одржал разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за да ја разгледаат заштитата на Израел од нападите на либанската (група) Хезболах“, се вели во стенограмот на Пентагон од разговорот.

„Министерот Остин ја потврди цврстата посветеност на САД за одбраната на Израел од каков било напад од страна на Иран и неговите регионални партнери и сојузници“, се додава. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан