Четворица италијански војници ранети во Либан
Рим, 22 ноември 2024 (МИА) - Италијанското Министерство за одбрана денеска потврди дека четворица италијански војници се повредени во експлозија на две ракети што ја погодија мировната база на ОН во јужен Либан.
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека не може да се толерира повторно да е погодена базата на привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) и додаде дека му повторил на либанскиот колега дека италијанскиот контингент ќе остане во јужен Либан.
Крозето рече дека целта на мисијата е „да понуди можност за мир“ и дека „не може да биде заложник на нападите“ на вооружените групи.
Крозето рече дека ќе се обиде да разговара со својот израелски колега и да побара од него да не ги користи базите на мисијата УНИФИЛ како штит. зш/