• сабота, 23 ноември 2024

ЦУК: Вкупно 1 708 повици на 112 во последното деноноќие, неколку пожари на отворено

ЦУК: Вкупно 1 708 повици на 112 во последното деноноќие, неколку пожари на отворено

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) -  Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1 708  повици на  Единствениот број за итни случаи 112.

- Од нив „реални“ повици биле 58,02 отсто, а 41,98 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.  Кон Полиција биле упатени 63,42 отсто, кон Итната медицинска помош  27,24 отсто, a кон пожарникарите 5,06 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението.

ЦУК информира дека Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 21 часот и 46 минути, регистрирала земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда 2.9. Земјотресот бил почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. 

Во последното деноноќие, како што соопшти ЦУК, имало регистрирано седум пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле ѓубришта, депонии, стрништа, сува трева и ниска деградирана шума.

Центарот за управување со кризи апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита. дма/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан