• понеделник, 26 август 2024

ЦУК: Активни се два пожари, еден под контрола и 21 изгаснати

ЦУК: Активни се два пожари, еден под контрола и 21 изгаснати

Скопје, 25 август 2024 (МИА) – На територијата во државава има активни два пожари, изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Ресен, на планината Галичица и во Општина Чашка, на планина Мукос.

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина. 

Изгаснати се пожарите во Општина Сарај – село Горна Матка, Општина Карпош – село Бардовци. Општина Аеродром – село Горно Лисиче, Општина Гази Баба - кај Студентски дом „Стив Наумов, Општина Илинден,  автопат Скопје – Велес, Општина Шуто Оризари - кај Општината, Општина Арачиново – Депонија, Општина Василево – село Доброшинци, Нова маала, Општина Босилово – село Сушица и село Штука. Општина Ресен – село Стење, Општина Прилеп – село Дабница, Општина Тетово - во градот, Општина Брвеница – село Челопек, Општина Гостивар – село Чајле, Општина Врапчиште – село Неготино, Општина Долнени, село Мало Рувци, кај фабриката „Гентерм“, Општина Долнени – село Дебреште, м.в.Дебрешни Ливади, Општина Виница - Виничка Кршла, м.в.Капетанска чука, Општина Липково – село Виштица (стрниште и сува трева), Општина Куманово - населба Средорек и Општина Македонски Брод - м.в.Стојанова населба.

На овие места горела сува трева, ѓубре и депонии.ар/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан