• понеделник, 26 август 2024

ЦУК: Активни два пожара, три се под контрола

ЦУК: Активни два пожара, три се под контрола

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се три, а изгаснати се 15, соопшти утрово ЦУК .

Активен пожар има во Општина Чашка кај место викано Котева Круша атар на с.Оморани, префрлен од планина Мукос каде што гори мешана шума. 

Мешана шума е зафатена и од пожарот во Општина Македонски Брод, кај резервоарите на селскито водовод во Грешница.

Под контрола се пожарите на Плакенска планина над с.Вирово во Општина Демир Хисар, меѓу кичевските села Цер и Старец, и на Галичица кај Зли Дол, с.Стење и с.Лескоец.са/ 

 

Остани поврзан