• петок, 27 септември 2024

Хезболах со ракети нападна израелски артилериски позиции на Западна Галилеја

Хезболах со ракети нападна израелски артилериски позиции на Западна Галилеја

Бејрут, 18 септември 2024 (МИА) - Либанската милитантна група Хезболах денеска соопшти дека ги нападнала израелските артилериски позиции со ракети, што е прв прекуграничен напад по серијата експлозии на пејџери во Либан во вторникот.

Тајмс оф Израел објави дека од Либан кон Западна Галилеја бил истрелан бараж од 10 ракети. ИДФ соопшти дека ракетите погодиле отворени области, при што нема повредени.

Пејџерите што ги користеа членовите на Хезболах експлодирале истовремено во вторникот во јужен Либан, а Хезболах денеска соопшти дека бројот на загинатите во експлозијата на пејџери се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите.

Најмалку 2.750 луѓе беа повредени во експлозиите, а загина и едно дете. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан