• недела, 24 ноември 2024

Филипинската армија уби деветмина осомничени муслимански милитанти на југот на земјата

Филипинската армија уби деветмина осомничени муслимански милитанти на југот на земјата

Манила, 27 јануари 2024 (МИА) - Филипинските војници убиле девет осомничени муслимански милитанти на југот на земјата, вклучително и двајца од главните осомничени за бомбашкиот напад минатиот месец во кој загинаа четворица христијани, соопшти денеска војската.

Четворица воени извидници биле полесно ранети во операција спроведена во четвртокот против мала единица поврзана со групата Исламска држава, Давла Исламија, во провинцијата Ланао дел Сур, изјави воениот портпарол.

Тој додаде дека воените сили се судриле со околу 15 милитанти во серија престрелки од четвртокот до петокот, откако некои локални жители ја информирале армијата за присуството на милитанти, додавајќи дека армијата трага по преживеаните милитанти. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан