Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите
- Следува период на релативно топло време. Утре и во среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со грмежи.
Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Следува период на релативно топло време. Утре и во среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со
грмежи.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите потоа времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата. сст/са/
фото МИА архива