• сабота, 23 ноември 2024

Уставните судови на Македонија и Косово изразија поготвеност за продлабочување на соработката

Уставните судови на Македонија и Косово изразија поготвеност за продлабочување на соработката

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Одлични билатерални односи и подготвеност за натамошно продлабочување на соработката биле констатирани на денешната средба помеѓу претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и судиите Осман Кадриу и Татјана Васиќ-Бозаџиева со претседателката Греса Цака Нимани и судиите од Уставниот суд на Косово.

Како што соопштуваат од Уставен суд, на средбата биле разменети информации за предизвиците со кои се соочуваат двата суда. 

- Заеднички се согласивме дека е потребна поддршка и соработка во рамките на меѓународните тела и организации од кои се дел и двата суда, изјави претседателот Костадиновски. Од двете страни е изразена согласност за натамошно јакнење и унапредување на Балканскиот форум на уставни судови за кој претседателот Костадиновски пројави интерес да се одржи во Република Северна Македонија во 2026 година, стои во фејсбук објавата на Уставен суд.

За време на средбата, се дополнува, биле разменети информации за претстојниот Европски форум на уставни судови кој ќе се одржи во Тирана во февруари 2025 година, како и Конференцијата на уставните судови на Франкофонијата закажана за мај 2025.

Денешната средба се одржува во рамки на одбележувањето на 15-годишниот јубилеј на Уставниот суд на Косово и одржувањето на Втората годишна конференција на Балканскиот форум на Уставни судови.ар/хс/

Фото: Фејсбук Уставен суд

Остани поврзан