Украинските спортисти нема да се натпреваруваат ако учествуваат руски и белоруски спортисти
- Украина официјално им забрани на своите спортисти да учествуваат на натпревари на кои настапуваат спортистите од Русија и од Белорусија
Киев, 14 април 2023 (МИА) – Украина официјално им забрани на своите спортисти да учествуваат на натпревари на кои настапуваат спортистите од Русија и од Белорусија.
Украинското Министерство за спорт соопшти дека им забранува на националните спортски екипи да учествуваат на олимписки, неолимписки и параолимписки натпревари, ако на нив се натпреваруваат спортисти од Русија и Белорусија.
Забраната уследи откако Меѓународниот олимписки комитет им дозволи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални и покрај руската инвазија врз Украина. ми/
фото: Википедија