• недела, 01 септември 2024

Тен Хаг по новиот пораз во претсезонските натпревари: Треба да го развиеме тимот и да напредуваме

Тен Хаг по новиот пораз во претсезонските натпревари: Треба да го развиеме тимот и да напредуваме

Манчестер, 4 август 2024 (МИА) - Проблемите со повредени играчи на претсезонските подготовки на Манчестер Јунајтед продолжуваат откако Арон Ван-Бисака, Виктор Линделоф и Џони Еванс предвреме ја напуштија играта во поразот од Ливерпул со 3:0 на пријателски натпревар во Јужна Каролина.

Менаџерот Ерик тен Хаг веќе мораше да се справи со неколку слични проблеми на турнејата во САД, откако го загуби новото засилување Лени Јоро три месеци со повреда на ногата, а напаѓачот Расмус Хојлунд се повреди во поразот од Арсенал.

„Црвените ѓаволи“ се соочија со слични потешкотии во победата над Бетис, бидејќи Маркус Рашфорд и Ентони беа принудени да излезат од игра и покрај тоа што двајцата учествуваа во контролата на Ливерпул, но Ван-Бисака, Линделоф и Еванс не можеа да продолжат во натпреварот.

-Мораме да видиме каква е ситуацијата. Има некои повреди, но мораме да процениме колку се сериозни. Предсезонските подготвки секогаш се тешки. Тоа е дел од фудбалот. Треба да го развиеме тимот и да напредуваме, прокоментира Ерик тен Хаг. дс

Фото: Архива

Остани поврзан