• понеделник, 26 август 2024

Телеграф: Според судски документи руските власти заплениле повеќе од 100 милиони долари од Гугл

Телеграф: Според судски документи руските власти заплениле повеќе од 100 милиони долари од Гугл

 Лондон, 25 август 2024 (МИА) - Руските власти заплениле повеќе од 100 милиони долари од сметките на Гугл во руските банки и ги инвестирале во медиуми кои ја поддржуваат руската војна во Украина, пишува денеска британски Телеграф, повикувајќи се на судски документи.

Според документите доставени од Гугл до американскиот суд, руските извршители ги конфискувале тие средства во 2022 година и на тој начин ја турнале руската филијала на компанијата во банкрот.

Според судските документи, поверениците им ги предале средствата на руските ТВ канали, вклучително и државната РТ и Тсарград ТВ, пропагандна служба која ветила дека ќе ги искористи средствата за поддршка на војната на Кремљ во Украина, пишува британскиот весник.зш/

Остани поврзан