• понеделник, 23 септември 2024

Стапката на невработеност на младите во Кина во август се искачи на највисоко ниво во изминатите девет месеци

Стапката на невработеност на младите во Кина во август се искачи на највисоко ниво во изминатите девет месеци

Пекинг, 21 септември 2024 (МИА) - Стапката на невработеност кај младите во Кина во август се искачи на највисокото ниво од минатиот декември, објави бирото за статистика откако новите дипломирани студенти почнаа да бараат понуди на пазарот на труд, што го зголемува притисокот врз креаторите на политиката да преземат акција.

Стапката на невработеност кај младите од 16 до 24 години, со исклучок на студентите, се зголеми на 18,8 отсто минатиот месец, од 17,1 отсто во јули.

Другите економски показатели покажаа дека динамиката на економскиот раст е забавена во август, ставајќи ја земјата во ризик да ја пропушти својата годишна цел за раст од околу 5 отсто. Кина го продолжи објавувањето на стапката на невработеност кај младите во декември минатата година, откако ги исклучи студентите од анализите. Највисокото ниво пред ревизијата на статистичкиот метод беше 21,3 отсто во јуни лани.

Стапката на невработеност за 25-29-годишниците, со исклучок на студентите, исто така се зголеми на 6,9 отсто во август од 6,5 отсто еден месец претходно, соопшти бирото за статистика. Невработеноста за 30-59-годишниците е непроменета -  3,9 отсто.зш/

Остани поврзан