• понеделник, 26 август 2024

Сиси предупреди за можна ескалација по престрелките меѓу Либан и Израел

Сиси предупреди за можна ескалација по престрелките меѓу Либан и Израел

Каиро, 25 август 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси предупреди на понатамошна регионална ескалација по состанокот со највисокиот генерал на САД откако прекуграничните непријателства меѓу Израел и Либан се интензивираа.

Сиси „предупреди на опасностите од отворање на нов фронт во Либан и ја истакна неопходноста од зачувување на стабилноста и суверенитетот на Либан“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Египет.

Неговиот состанок во Египет со американскиот претседател на Здружениот Генералштаб, генерал Чарлс „Си Кју“ Браун, највисокиот воен офицер на САД, дојде неколку часа откако Израел започна воздушни напади врз Либан.

Израел соопшти дека го спречил нападот на неговата територија од либанската вооружена група Хезболах, поттикнувајќи стравувања од поширок регионални тензии.

Посетата доаѓа во време на планираните разговори во Каиро, на кои ќе присуствува и шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, чија цел е примирје во Појасот Газа што се чини се поневеројатно јавија американски медиуми.

Сиси денеска повика на „одлучен став од меѓународната заедница“ и посилен одговор „на заедничките египетско-американско-катарски напори“ за прекин на огнот и размена на заложници и затвореници, што ќе овозможи „пат кон смиреност и стабилност во регионот “, соопштија од неговиот кабинет.зш/

Остани поврзан