• сабота, 31 август 2024

СЗО: Веќе нема ниту една функционална болница на северот на Газа

СЗО: Веќе нема ниту една функционална болница на северот на Газа

Женева, 21 декември 2023 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека северниот дел на Газа остана без ниту една функционална болница поради недостиг на гориво, персонал и медицински материјали.

Како што соопшти организацијата, само девет од 36 здравствени установи се делумно функционални во цела Газа

-Сите овие објекти се концентрирани на југот на енклавата. Всушност нема повеќе функционални болници на север (од Газа), изјави Ричард Пеперкорн, претставник на СЗО во Газа, преку видео врска од Ерусалим.

Според него, болницата „Ал-Ахли“ е последната болница, која е минимално функционална - се уште лекува пациенти, но не прима нови.

Пеперкорн рече дека до пред два дена таа била единствената болница во која можеле да се оперираат повредените во северниот дел на Газа и истата била преполна со пациенти на кои им била потребна итна помош. Тој дополни дека нема повеќе операциони сали поради недостиг на горива, струја, медицински материјали и здравствени работници, меѓу кои хирурзи и други специјалисти.

Пациентите, како што додаде тој, не се во можност да се движат и треба итно да бидат префрлени за да имаат шанса да преживеат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан