СДСМ: ДПМНЕ е неспособно и плати да исплати, 988 вработени во инспекторатите се без плата
- СООПШТЕНИЕ - Власта на ДПМНЕ е нспособна ниту постојните плати за вработените во јавниот сектор да ги исплати.
Скопје, 16 јануари 2025
Власта на ДПМНЕ е нспособна ниту постојните плати за вработените во јавниот сектор да ги исплати.
988 вработени во инспекторатите ги оставија без плата токму за празниците само затоа што Министерството за финансии не си ги исполни своите обврски.
Речиси илјада вработени во сите инспекторати во државата се уште не зеле плата за декември, иако вчера истече и последниот законски рок.
Власта на ДПМНЕ и на Мицкоски е неспособна и воопшто не им е грижа за работниците, тие се грижат само за елитата и своите бизнис партнери.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.