• четврток, 26 септември 2024

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

Битола, 24 септември 2024 (МИА) - СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ сторени во периодот од 15 јуни до 23 септември.

СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А. (75) од  Битола затоа што на 17.08.2024 запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во селото Облаково, битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар. СВР Битола поднесе кривична пријава и против Л.М. (53) од Битола затоа што на 10.08.2024, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во село Кременица, битолско.

ОВР Крушево, до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ш. (56) од село Пуста Река, крушевско, затоа што во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над селото Пуста Река.

ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д. (57) од Прилеп затоа што на 05.08.2024 бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот.

ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (54) од село Штавица, прилепско, затоа што на 05.08.2024 запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели.мт/

Фото: МИА

Остани поврзан