• четврток, 26 септември 2024

САД водат нова иницијатива за ставање крај на војната во Газа и во Либан

САД водат нова иницијатива за ставање крај на војната во Газа и во Либан

Њујорк, 25 септември 2024 (МИА) - САД водат нов дипломатски напор за ставање крај на непријателствата и во Газа и во Либан, поврзувајќи ги двата конфликти како дел од една единствена иницијатива, изјавија за западни медиуми извори запознаени со иницијативата.

Деталите се разработуваат на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, според двајца либански официјални лица, двајца западни дипломати, извор запознат со ставовите на Хезболах и извор запознат со разговорите.

Засега нема коментар од Белата куќа. зш/

Остани поврзан