• петок, 27 септември 2024

САД воведоа нови санкции поврзани со Русија и кибер просторот

САД воведоа нови санкции поврзани со Русија и кибер просторот

Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) - САД воведоа санкции против рускиот државјанин Сергеј Сергеевич Иванов и компанијата за криптовалути Cryptex, со седиште во Сент Винсент и Гренадини, но има операции во Русија, соопшти американското Министерство за финансии.

Исто така, е идентификувана руската размена на криптовалути PM2BTC како „главен извор на загриженост“ за незаконското руско финансирање.

Министерството за финансии, исто така, објави награда до 10.000.000 долари за секоја информација што може да доведе до апсење на Иванов и Тимур Шахмаметов, за кој се вели дека е креаторот на „Joker's Stash“ - еден од најпрофитабилните онлајн пазари за украдени податоци за кредитна картичка и компромитирани лични информации.

Министерството, исто така, објави награда до 1.000.000 американски долари за информации кои ќе доведат до идентификација на лидерите на PM2BTC и Joker's Stash, и на уште еден онлајн пазар за украдени кредитни картички, PinPays. зш/

Остани поврзан