• недела, 01 септември 2024

Руски хеликоптер со 22 лица исчезна на Камчатка

Руски хеликоптер со 22 лица исчезна на Камчатка

Москва, 31 август 2024 (МИА) - Хеликоптер со тричлен екипаж и 19 патници исчезна на источниот руски полуостров Камчатка, соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија.

Хеликоптерот Ми-8Т полетал од база во близина на вулканот Вачкажец, но потоа изгубил контакт.

- Во тек е операција за пребарување и спасување, чија цел е да се утврди локацијата на леталото, објави меѓурегионалното одделение за сообраќај на Истражниот комитет на Русија на својот профил на Телеграм, пренесува ТАСС.

Надлежните почнале истрага за нарушување на безбедноста и работењето на воздушниот транспорт.са/

Фото: принтскрин

Остани поврзан