Регионалниот пат Неготино-Штип пуштен за сообраќај
- Овој патен правец синоќа беше затворен за сообраќај во двата правца поради пожарите.
Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Регионалниот пат Неготино-Штип од утринава од 08:50 часот е пуштен за сообраќај.
Овој патен правец синоќа беше затворен за сообраќај во двата правца поради пожарите.
Информацијата за МИА утринава ја потврдија и од СВР Велес. свд/вдј/
Фото: МИА