• недела, 25 август 2024

Продолжува расправата за Онкологија на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Продолжува расправата за Онкологија на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, за конечните извештаи на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, продолжува и денеска.

Членовите на Комисијата во текот на вчерашниот ден имаа можност да поставуваат прашања во врска со извештаите.

Претходно, се формираше и Анкетна комисија за скандалот поврзан со оваа клиника. Одлуката за Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести. бд/са/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан