Приведен скопјанец во чиј дом е пронајдена дрога
- Четириесет и тригодишен скопјанец е приведен синоќа бидејќи во неговиот дом е пронајдена дрога.
Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - Четириесет и тригодишен скопјанец е приведен синоќа бидејќи во неговиот дом е пронајдена дрога.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека претресот е извршен со судска наредба при што се пронајдени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/
Фото: МИА архива