• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 15 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги утрово околу 09.30 часот на булевар „АСНОМ“ во Скопје, го лишиле од слобода К.Ж.(27) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. сст/

Остани поврзан