Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци
- Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 14.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево го привеле Н.Н.(37) од Битола, за кого била распишана потерница од Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.
Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 14.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево го привеле Н.Н.(37) од Битола, за кого била распишана потерница од Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.
МВР денеска соопшти дека Н.Н. бил спроведен во Казнено - поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната. цр/аа/
Фото: МИА архива